Достапни линкови

ЕСМ предупредува – можни се рестрикции


Зголемената потрошувачка на струја особено изминативе денови предизвика проблеми во снабдувањето. Една трафостаница воопшто не работи, а поради дефектите по неколку часа немаше електрична енергија во повеќе региони во Скопје и околината. Зејмула Вејсели од скопското село Никиштани вели дека веќе пет дена од пет часот попладне, па се до два часот по полноќ во селото нема струја:

„Останавме без струја. Целата инсталација е замрзната.“

Од Електро дистрибуција велат дека потрошувачката е зголемена за пет насто во однос на лани и само за еден ден имало 133 поправки на дефекти. Портпаролот Ленче Карпузовска вели дека најризични денови ќе бидат Нова Година и Бадник:

„Ние сме на готовс. Ако побараат рестрикции, тоа ќе го направиме. Први на удар би биле индустриските објекти. Во три групи би биле поделени граѓаните по два часа да нема една група струја во периодот од 15 до 23 часот. Тоа е во крајна линија. Се надевам дека до такво нешто нема да дојде.“

И граѓаните може да помогнат:

„Со тоа што би штеделе. Најбанален пример, да исклучат една светилка, на 200,000 потрошувачи се заштедуваат 20 мегавати. Тогаш нема потреба од рестрикција во градот.“

Сепак, проблемите доаѓаат и поради дивите потрошувачи, па мрежата не може да ги поднесе оптоварувањата. Тие признаваат дека електричните апарати што ги користат граѓаните може да се оштетат заради некквалитетната струја:

„Нормално, со понизок напон може и да се оштетат. Но, правиме се за граѓаните тоа да не го почувствуваат.“
XS
SM
MD
LG