Достапни линкови

Законот е со европски карактеристики, но против уставен


Измената на кривичниот закон со кој се овозможува замена на затворската казна до една година со парична предизвика многу реакции во јавноста особено откако тоа прва го стори Татјана Митровкса која беше осудена за малверзации и фалсификување документи додека беше директор на катастарот. Откупот кој го плати изнесува 70 илади евра а во мегувреме сеуште е отворена полемика за потеклото на нејзините пари.Од ВМРО ДПМНЕ поднесоа предлог закон за бришење на овој член.Велат имаат повеке причини зошто се против овој закон

„Носењето на измената на законот од владата беше со скриена намера, затоа што таков закон беше донесен по итна постапка во рок од три – четири дена. Втора причина е што при носење на одлука за затворска казна од една година за кривични дела, судот сепак водел сметка дека превенцијата на казнувањето ќе се подтигне со казна затвор, затоа што за сите тие кривични дела постоела и можност за парична казна. Ако сметал судот дека превенцијата можела да се постигне и со парична казна тоа ќе го направел. Третата битна причина е затоа што ги доведува во нерамноправна положба граѓаните на Република Македонија,“

објаснува Трајко Вељановски

Дел од експертите по кривично право пак во одбрана на законот велат дека има современи тенденции и дека со него можат да се избегнат лошите ефекти како асоцијализацијата врз осудениците на мали затворски казни кои би изгубиле една година од животот лежејки во затвор. И од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека можеби овој закон има евроспки тенденсции но македонија сеуште не е подготвена да го применува

„Можеби има пример во некоја држава, но таму е развиена демократијата, не се тие во транзиција како ние со голема корупција и криминал,“

вели Вељановски

И претеседателот на врховниот суд Дане Илев не го подржува плакањето на затворската казана.Тој во неделното интевјуто за Радио Слободна Европа изјави дека тој закон не е во согласност со уставот:

„Идејата да се намали бројот на затворениците во Македонија не е решение. Тоа можеби е и крајно спротивно на уставот околу прашањето на еднаквоста на сите граѓаните пред законот. Тој закон не е и потребен на Република Македонија, нема да се намали бројот на затворениците, а ние немаме и голем број затвореници.“
XS
SM
MD
LG