Достапни линкови

Летонија: Оставка на министерот за одбрана на Летонија


Министерот за одбрана на Летонија Ејнарс Рипсе поднесе оставка поради истрагата за корупциски зделки во рамките на неговиот приватен бизнис. Репсе кој порано беше премиер на Летонија и гувернер на Народната банка, изјави дека не е виновен и оти сето ова му го поднеле некои политичари од владината коалиција. Сепак тој, како што рече, немал намера да се повлече од лидерската позиција во неговата партија Нова ера.
XS
SM
MD
LG