Достапни линкови

Багдад: Буш одобрил намалување на американските сили во Ирак за две бригади


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека претседателот Џорџ Буш одобрил намалување на американските борбени сили во Ирак за две бригади. Говорејќи во базата во ирачкиот град Фалуџа, Рамсфелд не го прецизира бројот на војниците кои би биле повлечени. Но, според воени извори, станува збор за седум до девет илјади војници. Рамсфелд додаде дека повлекувањето ќе биде спроведено напролет и оти тоа е резултат на прогресот во обуката на ирачаните сами да се грижат за безбедноста во нивната земја.
XS
SM
MD
LG