Достапни линкови

Кабул: Посета на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд допатува денеска во Кабул, каде што ќе разговара со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Претходно Рамсфелд го посети Пакистан каде што изјави дека лидерот на Ал Каида, Осама Бин Ладен веројатно веќе не може да раководи со таа терористичка мрежа. Тој повтори дека за американската администрација и натаму е приоритет апсењето на главните осомничени за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, за кои се верува дека се кријат во планините меѓу Авганистан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG