Достапни линкови

МВР во голем дел добро ги подготвува предметите, но заглавуваат во натамошната постапка


Со цел да се согледа како течат постапките што се водат пред надлежните институции, а имаат за цел откривање на корупцијата Транспарентност Македонија од 2004 спроведуваше посебен проект. Притоа експертите имаа увид во досиејата водени во Министерството за внатрешни работи и во постапките што се водат пред судовите, но тоа не им беше овозможено во јавното обвинителство. За тоа што покажуваат резултатите од истражувањето говори Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија:

„Во МВР пријавите што се поднесени во најголем дел се поткрепени со вербални докази, а голем дел од нив содржат и документи од надлежни институции. Заклучокот на експертите е дека она што излегува од МВР е добро подготвено. Но, понатаму во постапката, многу мал дел од пријавите имаат тек во другите институции. Така што. Од 450 поднесени пријави, во судовите регистриравме само 50 случаи, што зборува и за спороста и за недоволната организираност на нашите институции за спроведување на постапките.“

Истражувањето вели и дека луѓето во надлежните институции се недоволно обучени да го бараат мотивот за стрени дела од областа на корупцијата, па така најчесто се докажува злоупотреба на службената должност, но не се оди паралено со кривичната истрага да се води и финансиска, за да се докаже корупцијата. Од Транспарентност Македонија додаваат дека институциите треба повеќе да соработуваат при откривањето на ваков вид на кривични дела. Експертите порачуваат дека е неопхдно забрзување на постапките:

„Треба да има поголема експедитивност и треба да се преземат мерки во организација на судовите. Нема потреба судовите да чекаат за закажување на првото рочиште и негово повеекратно одлагање што не е неопходно,“

изјави Гордан Калајџиев профессор на Правниот факултет во Скопје, еден од експертите кои учествуваа во истражувањето набљудување на постапките за кривични дела од областа на корупцијата.
XS
SM
MD
LG