Достапни линкови

Ерусалим: Здравствената состојба на Шарон подобрена


Здравствената состојба на израелскиот премиер Ариел Шарон се подобрила, соопшти шефот на неговиот кабинет Илан Коен. Израелскиот премиер синоќа итно беше префрлен во болница откако се онесвестил поради помал мозочен удар. Лекарите веднаш соопштија дека седумдесет и осум годишниот Шарон не е во животна опасност. Во меѓувреме, десничарската Ликуд партија денеска донесе одлука за избор на нов лидер откако пред извесно време тоа место го напушти Шарон. Како негов наследник се спомнува поранешниот премиер Нетанјаху, поради кој, Шарон и решил да ја напушти партијата.
XS
SM
MD
LG