Достапни линкови

Хонг Конг: Најмалку 74 повредени на анти глобалистичките протести


Најмалку 74 лица, меѓу нив и 12 полицајци биле повредени во синоќешните анти глобалистички протести во Хонг Конг кадешто се одржува самитот на Светската Трговска Организација. Министрите за трговија на 149 земји членки на Организацијата денеска постигнале согласност околу нацрт декларацијата за слободна трговија, со која субвенциите за извоз на земјоделски производи ќе бидат укинати во 2013 година. Соединетите Држави и Бразил барале укинување на субвенциите во 2010 година, поради што расправата трае веќе шест дена.
XS
SM
MD
LG