Достапни линкови

Еколошките друштва и дел од експертите се противат


Претседателот Бранко Црвенковски на вчерашната средба со бугарскиот претседател Ѓорги Прванов изјави дека идејата за изградба на нуклерана централа во подунавското градче Белане на територијата на Бугарија е интересна и Македонија сериозно ќе ја разгледа.

Пред извесно време пак изјавата на директорот на ЕСМ Панде Лазаров дека е можно наше учество во изградбата на оваа нуклеарна централа предизвика многу реакции од еколошките друштва кои беа против оваа идеја. Марија Јанковска од еколошкото друштво Екосвест смета дека не требаме многу да се потприраме врз тврдењата дека новата технологија на нуклеарните централи не може да дојде во дефект

„Таквите можности секогаш постојат кај нуклеарните централи и никогаш не се исклучуваат. Така еден пример во Америка, каде што нуклеарна централа изградена во 90-тите години, иако била оценета како сигурна сепак малку фалело за да се случи голема катастрофа. Така што во случај на голема несреќа кај Белене, Македонија би била многу погодена.“

Но професорот од електротехничкиот факултет Весна Борозан пак од друга страна вели дека сите во југоисточна Европа мора да се соочаат со фактот дека постои сериозен недостиг на енергија во регионов

„Ако зборуваме сериозно за потребата за снабдување на регионот со електрична енергија, тогаш една од можните економски исплатливи опции е изградба на нуклеарна централа. Јас имам информации дека и во Романија се подготвуваат проекти за изградба на нуклеарни електрани, а во Бугарија можен проект е Белене.“

Против идејата за Белене е и претседателот на друштвото за искоритување на алтернативни извори на енергија Трпе Груевски:

„Најновите податоци покажуваат дека доколку светот сака да обезбеди нуклеарни централи, а да го исклучи јагленот итн. Тогаш би морал на секој трет ден да пушта по една атомска централа во погон, во рок од 40 години, но за цело тоа време голем број централи на јаглен ја загадуваат атмосферата. Ова покажува дека сонцето, ветерот и алтернативните извори на енергија се единствен избор за човештвото.“

Инаку бугарската влада се обврзва да ја затвори нуклеарната централа Козлодуј до идната година. Централата Белене пак е стар проект на бугрските власти. Нејзината изградба е започната во 1986 година но поради финансиските проблеми и реакции од опозицијата изградбата е запрена во 1990 година.
XS
SM
MD
LG