Достапни линкови

Договорот буџетот на ЕУ малку веројатен


Малку е веројатно дека ќе биде постигнат договор за финансиската перспектива на Европската Унија за време на состанокот на лидерите на земјите членки на Унијата, кој почнува вечер. Претседавачот со Уnијата, Велика Британија, по втор пат изнесе предлог кој наиде на негодивање кај другите членки. Британија и натаму одбива да се откаже од буџетските повластици, кои инаку, се цената за проширување на Унијата. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо смета дека Велика Британија не е подготвена да ги сноси трошоците од проширувањето и предупреди дека со тоа се става под прашање натамошната експанзија на Европската Унија. Според Баросо, последиците од не постигнување договор, пред се, ќе ги почувствуваат Бугарија и Романија, кои би требало да и се приклучат на Унијата во почетокот на 2007-ма година.

„Намалувањето на средствата за администрацијата кое е предвидено со најновиот британски предлог, ќе го оневозможи, од административен аспект, приемот на Бугарија и на Романија.“

Според предлогот на Британија, буџетот за периодот од 2007 до 2013-та година, би се зголемил за две ипол милијарди евра, но притоа, британските бенефиции би останале. Шефовите на држави или влади на останатите членки инсистираат Лондон да направи отстапки. Франција најави дека ќе го блокира предлогот на Македонија да и се додели кандидатски статус доколку не биде постигнат договор за буџетот. Баросо пак оцени дека со непостигнување договор за буџетот, Европа ќе испрати сигнал до севтот дека Унијата е во ќорсокак. Тој тврди дека е несериозно да се разговара за натамошно проширување, ако сегашните членки не можат да се договорат за финансисрањето. Така, нашите ветувања за Балканот ќе звучат неуверливо, оцени Баросо.
XS
SM
MD
LG