Достапни линкови

Одлуката на ЕУ има политичко и економско значење


Во моментов Македонија ја користи КАРДС програмата, а тоа завршува заклучно со декември 2006. За наредната година речиси се договорени средствата што ке може да се користат. Станува збор за околу 40 милиони евра, информираат од владиниот секретаријат за европски прашања.
Од 2007 година во рамките на новата финансиска рамка ке функционира програмата ИПА или инструмент за претпристапна поддршка за земјите. Самата содржина на програмата се фокусира на подготовка на земјата за членство и таа има пет компоненти како средства за институционална надградба, прекугранична соработка, развој на човечки ресурси, регионален и рурален развој. Користењето на финансиски средства од сите пет области ке и бидат достапни на Македонија доколку формално се потврди статусот земја кандидат, во спротивно ќе имаме право да ги користиме финансиите определени за две области инстиуционална надгрдаба и прекугранична соработка:

„Самиот статус на земја кандидат ни дава можност да користиме повеќе средства, но тоа не е гаранција дека средствата ќе ги добиеме. Треба да изградиме капацитети за изградба на добри проекти и нивна навремена реализација,“

изјави Драган Тилев, советник во Владата за прашања од областа на евроинтеграциите. За тоа колку средства ке има во рамки на оваа програма, сеуште расправаат европските лидери. Македонија очекува тоа да бидат 30 до 35 евра по глава на жител, колку што беше и за останатите земји во оваа фаза, кои сега се веќе членки на Унијата. Значи земјава би добивала годишно 60 до 70 милиони евра, но за да се искористат треба да бидат понудени проекти. Од политички аспект аналитичарите велат дека доколку Унијата не и додели статус на земја кандидат за членство тоа ке биде лош сигнал

„Мислењето како што е е позитивно заради политички димензии. Ако не се донесе одлука во таа насока, значи дека европјаните ќе се премислат за тоа колку Македонија е политички стабилна,“

изјави Ило Трајковски, профессор на Европските студии при Филозофскиот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG