Достапни линкови

logo-print

Сиднеј: Најмалку седум лица повредени во расни немири


Најмалку 7 лица се повредени, 11 се уапсени, а десетици автомобили се уништени во втората по ред ноќ на расни немири во Сиднеј Австралија. Групи млади луѓе по потекло од Блискиот Исток нападнаа неколку луѓе со безбол палки. Премиерот Џон Хауард и Исламската заедница ги осудија насилствата кој почнаа во неделата кога на плажата Кронула. Имено околу 5 илјади луѓе, некои алкохолизирани нападнаа млади од блиско источно потекло, тврдејки дека ја бранат својата плажа на која бил извршен напад врз спасители од лица за кои тие веруваат дека биле од либанско потекло.
XS
SM
MD
LG