Достапни линкови

Политичките претставници со поделени мислења околу ефикасноста на ваквите состаноци


Актуелните политички случувања, евроинтеграциите и претстојните парламентарни избори, се главни теми на средбата на државниот врв и опозицијата што се одржува во Маврово, а чиј организатор е Швајцарската амбасада во Македонија. Претставниците на политичките партии неспорат околу потребноста за одржување на заеднички средби, но според дел од нив потребни се повеќе елементи за да се почувствува нивната ефикасност во пракса. Ефикасноста од ваквите ,,редовни,, дружења за битни политички прашања, ќе биде повидлива доколку тие се одржуваат без посредство на меѓународната заедница, смета Иван Анастасовски од СДСМ.

,,Де факто тоа дава од една страна позитивни резултати, меѓутоа добро би било доколку можеме во иднина ние сами да седнеме на заедничка маса и сами да се договориме како ќе ја градиме Македонија. Така ќе покажеме една поголема сериозност и пред самите себе и пред меѓународниот фактор, за да немора постојано тие да се појавуваат како медијатори и да пиеме кафиња во одредени предели на Република Македонија.,,

Важноста за редовните ,,политички дружења,, ја потенцираат и во опозиционата ВМРО ДПМНЕ, но и оттаму се со одредени забелешки кои треба да се имплементираат со цел постигнување на консензус за битни државни прашања.

,,Може да има позитивен исход, доколку сите политички субјекти подеднакво сериозно пристапуваат и подеднакво сериозно учествуваат активно во разговорите кои се тема на соодветната средба.,,

Забележува Гордана Јанкуловска, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ. Либералот Стојан Андов пак, потенцира дека главната придобивка од партиските разговори вон државните институции е релаксираната атмосфера во која тие се одржуваат.

,,Дава можност за пошироко меѓусебно запознавање на аргументите, за тоа има и доволно време, а и тоа што сето не оди во јавност веднаш, туку е една неслужбена размена на мислења.,,

Коментирајќи ја одредената неефикасност и хендикепот за пронаоѓање на потребниот дијалог од заедничките политички расправи во Демократската Унија за Интеграција ја лоцираат во потребноста од одржување на овие средби и на пониско ниво.

,,Можеби ќе биде многу подобро да не биде сето тоа привилегија на мал број луѓе и потоа да наидат на отпор во базата на партијата, да одлучуваат за нешто, а за тоа да немаат согласност од сопствената партија.,,

Забележува Џевад Хусеин од ДУИ.
XS
SM
MD
LG