Достапни линкови

Кандахар: Еден загинат а тројца повредени во самоубиствен напад


Едно лице загина, а тројца се повредени утрово во напад со автомобил бомба во авганистанскиот град Кандахар. Автомобилот бил управуван од напаѓач самоубиец, кој загинал, додека еден од повредените случајни минувачи е во животна опасност. Бомбата експлодирала додека минувал конвој на американската војска, но нема настрадани меѓу војниците. Инцидентот е извршен во реон каде се наоѓаат војски на меѓународната коалиција и канцеларии на голем број меѓународни хуманитарни организации.
XS
SM
MD
LG