Достапни линкови

Лондон: 36 луѓе повредени во експлозија на склад со нафта


36 луѓе се повредени, а од нив четворица посериозно. во серијата масивни експлозии што го погодија Лондон рано утрово. Експлозиите кои предзвикале голем пожар, се случиле 40 километри северно од Лондон во еден магацин за нафта. Како што пренесуваат британските телевизиски станици, пожарот може да се види и на одалеченост од 10 километри од местото на експлозијата, а од детонацијата се треселе ѕидовите на становите оддалечени до 3 километри. Луѓето кои живеат во близина на магацинот, во градот Хемел Хемпштед биле евакуирани. Според полициски извори, се работи за несреќен случај.
XS
SM
MD
LG