Достапни линкови

Нигерија: Стотина загинати во авионска несреќа


Стотина луѓе загинале кога еден патнички авион се урнал на аеродромот во градот Порт Харкорт во југоисточна Нигерија. Како што јавуваат агенциите, авионот пренесувал 110 патници. Неофицијално се соопштува дека само четири од нив преживеале. Авионот летал на релација Абуџа-Порт Харткорт. Се претпоставува дека лошите временски услови биле причината поради која пилотот се обидел принудно да слета на аеродромот.
XS
SM
MD
LG