Достапни линкови

Стари лица во нови партии


Македонската политичка сцена изминатиов период е збогатена со повеќе нови политички субјекти. Според домашните аналитичари, во појавата на новите партии има и позитивности, но и одредени негативности, или како што вели професорот Назми Малиќи од факултетот на Југоисточна Европа, во смисла стари лица во нови партии.

„Во позитивна смисла дека има конкурентност и нови програми коишто може да дадат свежина во демократското живеење кај нас, но од друга страна, имаме формиране партии со стари луѓе нови партии. Но, има и такви партии формирани за инает, коишто во наследство носат проблеми и недемократски однесувања и сите последици што ги имавме во процесот на градење демократија во транзицијата.“

Колку новите партии можат да бидат реален политички ривал во едноличноста на досегашното партиско миље, во кое граѓаните најчесто се одлучуваа меѓу двете најголеми партии и кај македонскиот и кај албанскиот блок? Експертот Панде Лазаревски вели:

„Не сметам дека новите партии ќе значат посериозни турбуленции на политичката сцена. Тие партии одразуваат нови нијанси во политичкиот колорит. И треба да се очекува дека гласовите ќе одат кај најголемите партии, меѓу другото и порати мислењето кај граѓаните дека е подобро гласот да го даде за поголема партија и да влијае во нејзиното профилирање, отколку гласот да му оди бесцелно кај помалите партии.“

Одвојувањето и оформувањето на новите субјекти од страна на веќе етаблирани политичари кои претходно по превирањата во опозицијата се случија и меѓу владеачките партии и од албанскиот и македонскиот блок, за професор Лазаревски се резултат:

„Тоа одразува и внатрешни превирања и евидентни слабости.“

На Македонската политичка сцена од неодмна функционираат уште три нови партии. Партијата на Тито Петковски досегашен член на СДСМ, Љиљана Поповска од ЛДП, а меѓу албанскиот блок од влеадеачката ДУИ произлезе партијата на поранешниот член Хисни Шаќири.
XS
SM
MD
LG