Достапни линкови

Граѓаните уплашени од повисоки цени


Незадоволството што тлееше од низата поскапувања што ги диктираат компаниите, како што е Телекомот што е во доминантна сопственост на унгарската компанија Матав, дополнително се продлабочи со тендерот за продажба на ЕСМ. Со 12,000 денари колку што изнесува просечна плата и со најавениот нов раст на цените граѓаните стравуваат од дополнително осиромашување:

„И сега беше тешко, сега уште потешко“
„Уништување на народот – тоа е.“
„Шест – седум одат на комуналии, со пет треба да се живее цел месец.“


За аналитичарите проблемот е што кај нас јавноста не е запознаена дали и во колкав степен цените што ги плаќаат луѓето се реални. Во случајот со Телекомуникации останува нејасно дали причината за порастот на цените е поради трошоците во одржувањето на фиксната телефонија или во прашање се профитерски побуди, вели Живко Атанасовски, професор на економскиот факултет во Скопје:

„Цените според нашиот стандард се високи. Веројатно воведувањето на конкуренција за што не треба да се двоуми владата ќе го покаже реалниот исход.“

Од друга страна, покрај потребата од транспарентност, тој потсетува дека корекциите во цената на струјата се неизбежни за да се овозможи развој и одржување на системот:

„Едно е ударот врз животниот стандард, но друго е економската логика и можеби би било добро сега да се направи разумна корекација, да не доживееме драстичен пораст на цените.“

Но, од друга страна тој нема дилема дека потегот за продажба на ЕСМ не е рационален:

„Овие потези се калкулантски околу продажбата на ЕСМ и немаат врска со националните интереси.“
XS
SM
MD
LG