Достапни линкови

Монтреал: Сеуште во тек меѓународната конференција за климатски промени


Во канадскиот град Монтреал се уште трае Меѓународната конференција за климатските промени на Земјата иако таа требаше да заврши синоќа. До ова дојде откако не беше постигната согласност околу продолжувањето на Протоколот од Кјото за борба против глобалното затоплување и по две илјади и дванаесетата година. Соединетите Држави пред четири години излегоа од овој договор со образложение дека неговото применување ќе и наштети на американската економија.
XS
SM
MD
LG