Достапни линкови

Вашингтон: Можно повлекување на 20 илјади американски војници од Ирак по изборите


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека околу 20 илјади американски војници би можеле да се повлечат од Ирак, по одржувањето на парламентарните избори во таа земја во наредната недела. Со тоа, во Ирак би останале 137 илјади американски војници, а Рамсфелд оцени дека во зависност од ситуацијата на теренот, би можело да има и натамошни повлекувања на американските сили. На затворениот состанок со членови на американскиот Конгрес, Рамсфелд ги отфрлил информациите дека има намера да си поднесе оставка на функцијата.
XS
SM
MD
LG