Достапни линкови

Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО


Министрите за надворешни работи на дваесет и седумте земји членки на НАТО, вклучувајќи го и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, денеска во Брисел расправаат за тековните операции на Алијансата, посебно за проширувањето на НАТО мисијата во Авганистан. Се очекува на состанокот да се разговара и за наводите за незаконските активности на ЦИА во Европа. Министрите, како што јавуваат агенциите, ќе треба и официјално да соопштат дека следниот самит на НАТО ќе се одржи во ноември идната година во главниот град на Летонија Рига. Тоа ќе биде прв НАТО самит на поранешна советска територија.
XS
SM
MD
LG