Достапни линкови

Уставните амандмани добра основа за деполитизација на судството


Уставните амандмани се добра основа за деполитизација на судството и воопшто зголемување на неговата ефикасност, оценуваат експертите по уставно право кои додаваат дека понатаму е многу важно како ке бидат разработени овие амандмани преку пооделни закони.

„Овие промени содржат многу значајни можности за натамошна реформа на правосудиниот систем. Значи дека последниот устав се деблокира, тоа посебно важи за напуштање на уставната одредба за единствен судски систем во Македонија. Со овие амандмани е постигната согласност да се напушти тој единствен судски систем и се создаваат услови за децентрализација на судовите. Од друга страна, фактички се напушта досегашниот начин на избор на судии на Собранието, а со тоа и преголемото влијание на партиите врз судовите. Така што, ако се следат тие два фактори, мислам дека судскиот систем во Македонија ќе влезе во систем на нормалност, карактеристично и за членките на ЕУ,“

Изјави професорот по уставно право Сна Правниот факултет во Скопје Светомир Шкариќ.

Клучно прашање во расправата за промена на Уставот беше и тоа кој ке претседава со Републичкиот судскиот совет. Владата предложи тоа да биде по функција првиот човек на Врховниот суд, но по укажувањата на некои експерти и опозицијата беше прифатено него да го избираат членовите на Републичкиот судски совет кој ке брои 15 членови . Опозицијата смета дека уставните промени нема да ја постигнат целта

„Овие уставни амандмани се сведоа на дневно политички пазарења. При тоа се испостави дека најважна реформа им е воведување етнички принцип за избор на судии и обвинители. Тоа е пазарот што го направија.“

Изјави Трајко Велјановски претседател на правната комисија во ВМРО-ДПМНЕ.

Експертите пак посочуваат дека е добро што со овие промени на Уставот уште во текот на јавната расправа се напушти идејата за пробен мандат, бидејки како што велат, тоа е претпоставка за независност на оваа власт, се напуштија и обидите во највисокиот правен акт да се направат разликите мегу прекршочни и кривични дела, извршено е зајакнување на статусот на судиската професија што се гледа преку прецизирање на условите за нивно разрешување или престанок на функцијата и слично.
XS
SM
MD
LG