Достапни линкови

Софија: До март завршување на разговорите за американски воени бази во Бугарија


Бугарскиот министер за одбрана Веселин Близнаков изјави дека до март идната година би требало да завршат разговорите со Соединетите Држави за стационирање американски воени бази во Бугарија. Вчера во Букурешт, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс потпиша договор за првата воена база во Романија. Вашингтон соопшти дека сака да создаде неколку помали воени бази во Источна Европа со цел американските сили да имаат побрз пристап до кризните зони на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG