Достапни линкови

Вашингтон: Мировна пригада на земјите од ЈИЕ за Авганистан


Министрите за одбрана од земјите во Југоисточна Европа и Соединетите Држави се согласија да формираат мировна бригада која ќе биде распоредена во Авганистан во наредниве шест месеци. Украина, која на состанокот во Вашингтон стана полноправна членка на Министерскиот совет за одбрана на Југоисточна Европа најави дека ќе го организира пренесувањето на војниците во Авганистан. Станува збор за четиристотини војници. Членки на овој совет се Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска, Италија, Романија, Словенија, Турција и Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG