Достапни линкови

logo-print

Тајните затвори на ЦИА во фокусот на разговорите со канцеларот Меркел


Американскиот држевен секретар Кондолиза Рајс ја продложува својата европска турнеа со посетата на Романија каде што ќе го потпише договорот за пристап со кој Романија ќе стане прва поранешна комунистичка земја во која ќе бидат разместени американски бази. Рајс денеска беше во Берлин каде што со канцеларот Ангела Меркел, меѓу другото разговараа за наводните тајни затвори на ЦИА и посебно случајот со германскиот граѓанин Калед ел Масри во кој се споменува и Македонија.

Соединетите Држави не подржуваат тортура и се доследни на меѓународните закони и конвенции кои тоа го забрануваат, изјави државниот секретар Кондолиза Рајс на прес конференцијата со германскиот канцелар Ангела Меркел во берлин. Таа додаде дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш ќе ги користи законските средства за борба против тероризмот.

„Ние се соочуваме со непријател кој оперира внатре во нашите општества, при што страдаат невини цивили како во Њујорк и Вашингтон, како во Лондон и Мадрид и Казабланка и Аман. Ние имаме обврска да ги браниме нашите луѓе и ќе користиме законски средства тоа да го правиме.“

За случајот Калед ел Масри германски државјанин заробен во Македонија на крајот на 2003 и однесен од ЦИА во Авганистан акде што бил држен пет месеци во затвор Кондолиза Рајс рече.

„Кога и доколку се нашправат грешки, ние работиме напорнио и брзо за да ги поправиме. Секоја политика прави грешки и ние им ветуваме на нашите партнери дека ќе направиме се за да ги поправиме грешките. Јас верувам дека и овој за овој случај ќе се постапи на пригоден начин овде во Германија а ако е неопходно и во американски суд.“

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази задовоство од ставот на американскиот државен секратар Кондолиза Рајс за случајот на германскиот граѓанин Калед ел Масри.

„Ние всушност зборувавме за еден посебен случај и американската администрација призна дека овој човек е однесен и таа не негира дека таква грешка се случила. Јас сум задоволна што државниот секретар рече дека доколку такви грешки се случат тогаш мора да се поправат.“
XS
SM
MD
LG