Достапни линкови

Има планови, нема пари


Ветерот е чист, бесплатен и обновлив и токму затоа тој е најевтин и најдобар начин за производтво на енергија - вели претседателот на здружението за користење на алтернитавни енергии Трпе Груевски конструктор на ветерницата на Водно, единствена во Македонија. Но, за да се користат ветровите основно е да се направи нивна слика таканаречена роза. Пречка е објаснува Груевски што кај нас не постои автоматска метеролошка станица со која таа би се направила

„Имаме ветер, но за жал нашата управа за хидрометеролошки работи, иако има 26 станици сеуште нема автоматска хидрометереолошмка станица, што може да регистрира деноноќно брзина и интензитет не ветерот.“

Сузана Алчиновска Моневска од Управата за хидро метеролшки работи вели дека со нивната опрема тие може да направат слика, но сепак за посебни потреби како за искористувањето на ветрот за енергија им недостасува нова опрема. Проблем се парите:

„Планираме секоја година и одржување на мрежата, имаме планови и за набавка на нови инструменти, средствата со кои располагаме се ограничени. Имаме обиди тоа да го оствариме и со меѓународни донации,“

објаснува Моневска, а Груевски пак вели дека покрај во Европа ветрот за енергија го користат и балканските земји. Бугарската влада неодамна инвестирала во оваа област.Тој смета дека и кај нас крајно време е да се одвојат пари за оваа намена затоа што на најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола му преостанува уште неколку години живот. Во лоша состојба е потенцира Груевски:

„Одобрението што го добив за четири ветерници на Водно го потпиша и сегашниот претседател на Македонија еден месец пред да замине на новата функција. Јас оваа ветерница ја изградив благодарение на донација од Канада, треба да се изградат уште четири ветерници. Барав средства од многу меѓународни организации, но таму ми кажаа дека тоа го прават со владата.“

Од министерсвото за економија пак надлежно за ваквите инвестиции велат дека размислуваат за алтернативни начини за производство на енергија

„Да се направат анализи, дали со ветерниците може да се направи. Јас мислам дека Македонија има капацитет за снабдување со енергија само со искористување на водата,“

вели портаролот Исмаил Ебипи.
XS
SM
MD
LG