Достапни линкови

logo-print

Берлин: Разговори Меркел - Рајс


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во Берлин разговараше со германскиот канцелар Ангела Меркел. Покрај билатералната соработка, една од темите беа и информациите за можни тајни затвори на ЦИА во некои европски држави. На заедничката прес конференција со Меркел, Рајс изјави дека Соединетите Држави не применуваат тортура против затвореници, но оти ќе ги искористат сите законски средства во битката против тероризмот. Од Германија Рајс ќе замине за Романија каде што се очекува потпишување на договорот за стационирање американски воени бази во таа земја.
XS
SM
MD
LG