Достапни линкови

Кондолиза Рајс на неколкудневна европска турнеја


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска заминува во неколудневна европска турнеја. Се очекува таа со своите домаќини, меѓу другото, да разговара и за обвинувањата на Европската Унија дека Соединетите Држави имале тајни затвори во Европа.

Во најновата турнеја на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс се вклучени Германија, Романија и Украина. Таа на крајот од турнејата, односно в четврток, како што е најавено, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО. Во Вашингтон е соопштено дека за време на нејзиниот престој Европа, Рајс ќе одговори на обвинувањата дека ЦИА транспортирала низ Европската Унија лица за кои постоело сомневање дека биле терористи. Според обвинувањата, ЦИА некои од овие лица ги држела во тајни затвори во источна Европа. Доколку се утврди дека такви затвори постоело, тогаш тоа, според експертите, би претставувало кршење на Европската конвенција за човекови права. Деновиве Хјуман Рајтс Воч објави листа од дваесет и шест луѓе кои наводно биле затворени во таквите затвори. Претставникот на ова организација Том Малиновски смета дека и покрај тоа што тие луѓе биле осмничени за сериозни кривични дела не им биле понудени сите законски права што произлегуваат од меѓународните договори што ги има потпишано и Вашинтон.

„Доколку овие индивидуалци биле третирани според воените закони, тогаш би требало да бидат посетени од претставници на Црвениот Крст, односно да биде обелоденето местото каде што биле затворени. Ако пак биел тертирани според кривичниот законик тогаш мора да им биде судено. На ваков или онаков начин нивните основни права биле прекршени.“

Вели Малиновски. Инаку, досега официјален Вашингтон ниту ги има демантирано, но ниту ги има потврдено наводите дека на европска територија имало тајни американски затвори.
XS
SM
MD
LG