Достапни линкови

14 американски војници загинале во Ирак


Четиринаесет американски војници загинале во Ирак од почетокот на овој месец, соопшти американската војска. Десетмина загинаа вчера од поставена бомба во близина на Фалуџа во еден од најголемите инциденти на американските трупи во Ирак од почетокот на војната во Март 2003.

„Ние сме тажни поради загубата на животите, без разлика дали е еден или 10 или 11 луѓе. Нашите срца и молитви се со нивните семејства. Тие дадоа голема жртва за важната цел. Вечно сме благодарни за нивната служба.“

изјави портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан. Тројца други војници загинаа во близина на Насирија, а еден им подлегна на раните здобиени во борбени операции во Рамади. Во меѓувреме ТВ Станицата Ал Џезаира емитуваше видео снимка во која киднаперите на 4 западни христијански мировни активисти се закануваат дека ќе ги убијат доколку до 8 декември не бидат ослободени сите затвореници од американските и ирачките затворски центри.
XS
SM
MD
LG