Достапни линкови

logo-print

Проект на македонската Развојна Фондација за претпријатија


Индивидуалните земјоделци кои соработуваат со фабриките за преработка и продажба на земјоделски производи, можат да земат кредит преку македонската Развојна Фондација за претпријатија. Тетјана Лазаревска од Фондацијата објаснува дека кога го подготвувале проектот за кредитирање на земјоделците ги разгледувале сите можни начини како да допрат до производителите кои не секогаш се информирани за она што го нудат Фондациите и банките:

„Преку трговски посредник индивидуалните земјоделци можат да го сторат тоа. Тука се интересни низа примери, пример преку Винарска визба се кредитирани индивидуални земјоделци за нови лозови насади, потоа преку компанија која произведува и подготвува печурки се кредитирани бизниси за производство на печурки, потоа низа примери во млечната индустрија, сточарството итн.“

Бонум е фирмата за печурки преку која одгледувачите земале кредит. Но, искуства на оваа фабрика од проектот не се добри:

„Во моментов не соработуваме на ваков начин, не поради финансиски причини туку затоа што има осцилации на квалитетот, односно на печурката што ја добивавме, како и заради неконстантно производството, бидејќи некогаш произведуваат, некогаш не произведуваат.“

вели сопственикот Александар Јовановски и додава дека дел од ваквите проблеми пак кои се појавуваат меѓу производителите и фабриките произлегуваат од непостоењето на конкретна обука на земјоделците со која ќе научат квалитетно да произведуваат.
Тетјана Лазаревска од Фондацијата објаснува дека тие имаат и проект со кој стручни лица ги обучуваат земјоделците:

„Ние директно не испорачуваме обуки, за тоа најмуваме стручни лица или пак самите здруженија во кои членуваат земјоделците, го прават тоа. Искуствата се позитивни посебно во делот на подршка на земјоделските здружениа, каде што тие го контактираат своето членство и наоѓаат стручни консултантски куќи кои ги обучуваат овие луѓе.“
XS
SM
MD
LG