Достапни линкови

Владата ќе потпише меморандум за соработка со локалните власти, за надминување на проблемите


Процесот на префрлање на надлежностите од извршната на локалните власти се одвива, но не и со потребната динамика. Главен проблем според градоначлниците се појавиле во префрлањето на надлежностите во сферата на образованието и преземањето на градежното земјиште:

„Дефинитивно образованието е еден процес кој што е најтежок и тој е нај несоодветно подготвен и спроведен. Несоодветен е трансферот на имотите, односно училиштата, а од друга страна го имаме и проблемот или различното толкување на законот во врска со смената на директорите. Така што мислам дека дефинитивно ова е најтешко прашање.“

Изјави градоначалникот на Сарај Имер Селмани. Стопанисувањето со градежното земјиште останува во надлежност на централната власт и тоа преставува проблем за себе, вели Селмани:

„Општините неможат да го покренат тој развој на локалната самоуправа, бидејќи немаат имот, немаат сопственост, немат право на државното земјиште. А од друга страна и немаат интерес да го уредуваат градежното земјиште, бидејќи знаат дека централната власт ќе го издава тоа земјиште или ќе го отуѓи, и сите пари ќе се слеваат во централниот буџет.“

Според ресорното Министерство за локална самоуправа, појавата на овие проблеми биле очекувани, но се надеваат дека во наредната 2006-та тие да бидат решени:

„Очекувани беа овие проблеми, меѓутоа факт е дека не го загрозуваат процесот на децентрализација, бидејќи тоа се прашања кои што се решаваат низ секојдневната комуникација меѓу централната и локалната самоуправа со посредство на ЗЕЛС. Се очекува наредната 2006-та година како нова буџетска година, во која општините ќе почнат да функционираат со екипирани администрации, постојните проблеми да бидат надминати.“

Изјави портпаролот на Министерството за локална самоуправа Ели Чакар. Инаку со цел надминување на проблемите, премиерот Бучковски денеска потпиша меморандум за соработка со градоначаникот на Скопје Трифун Костовски, а за утре во Струмица најавена е средба на премиерот со преставници на ЗЕЛС.
XS
SM
MD
LG