Достапни линкови

logo-print

Економската соработка меѓу Соединетите држави и Македонија, не е доволна


Во рамки на турнејата низ регионот, заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Држави за Европа и Евроазија Розмери Дикарло, денеска престојува во земјава на средби со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Владо Бучковски, шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева, како и со лидери на политички партии.
Целта на посетата како што информираат од македонските државни институции е согледување на состојбата во регионот во пресрет на решавање на статусот на Косово, како и размена на мислења со македонските претставници во врска со актуелни прашања во земјава, постигнување на меѓународните стандарди, приближување кон НАТО и Европската Унија, подготовка за претстојните парламентарни избори што ќе се одржат наредната година и слично. Македонско американските односи ги одбележува поддршката од Соединетите држави што земјава ја има на патот кон евро-атлантските структури. Под нивно покровителство беше потпишана Јадранската повелба меѓу Македонија, Хрватска и Албанија, а со цел интензиварање на регионалната соработка и приближувањето на земјите од регионот до НАТО. Од големо значење за земјава е и признавањето на уставното име на нашата земја што се случи на 4 ноември мината година, по што се интензивираа активностите во врска со преговорите за името, а во октомври оваа година беше презентиран предлог од посредникот Метју Нимиц, кој како што оцени и државниот врв, стручната јавност, е генерално прифатлив. Меѓутоа економската соработка меѓу Македонија и Соединетите Држави треба уште многу да се развива:

„Стоковната размена меѓу Соединетите држави и Македонија не е на некое задоволително ниво, а исто така е пониска од минатата година и се надеваме дека со ваквите контакти ќе се придонесе за подобрување на бизнис климата односно ќе има повеќе потенцијални инвеститори во Македонија, со што ќе има поголем профит од двете страни.“

Изјави Јордан Шикоски, извршен директор на канцеларијата на Американската Стопанска Комора во земјава.
XS
SM
MD
LG