Достапни линкови

logo-print

Партиите мора да преземат одговорност за организација на фер и демократски избори


Реформите во изборното законодавство и зајакнувањето на институциите кои го следат и го организираат изборниот процесс се неопходни но не и доволни за одржување фер и демократски избори, партите мора конечно да ја преземат одговорноста за одржување фер избори, Македонија не смее да дозволи да организира избори слични на локланите одржани годинава, ова се главните заклучоци клои произлегоа од дводневната конференција " организиран од страна на наблудувачката мисија на ОБСЕ а кои ги пренесоа амбасадорите на САД и Велика Британија во Македонија Џилијан Милованович и Роберт Четертодн Диксон:

„Апсултно е суштинско за Македонија и за нејзиниот успешен прогрес во интегрирање во евроатлантските институции, ЕУ и НАТО одржувањето на фер и демократски избори. Но има и многу поважна причина затоа а тоа е што македонските грагани заслужуваат фер и транспаранетен изборен процесс тие заслужуваат и очекуваат она што го очекуваат граганите во сите демокртаски држави да гласаат слободно Затоа ова е многу важно,“

порача амбасадорката на САД во Македонија Џилијан Милованович која потсеати дека Македонија во 2006 не смее да дозволи и организира избори слични на тие во 2005.

Со сличен став и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Роберт Четердон Диксон кој повтори дека погубно ке биде за Македонија доколку за време на изборите наредната година се повтори 2005.

„Апсолутно е суштинско , активностите на терен и стандардите на терен на наредните избори драматично да се подобрат од она што беше пролеета 2005. Многу е важно од аспект на ЕУ И НАТО, ќе биде погубно за Македонија да се повторат нерегуларностите од последните избори, предизвикот е голем и критичен за цела земја посебно за политичките партии и ги повикувам партите да бидат внимателни,“

рече британскиот амбассадор Диксон

Меѓународните преставници учесници на оваа Конференција истотака побараа и деполитизација на изборните органи кои во иднина ќе го организираат изборниот процес во земјава.
XS
SM
MD
LG