Достапни линкови

Зголемување на финансиската помош за странски студенти


Елитните американски универзитети преземаат чекори за зголемување на финансиската помош кои им ја нудат на странските студенти. Промените во уписната политика и помошта се водени од конкурентноста. Универзитеот Јеил констатно е меѓу 5 те топ американски академски институции, а по финансиската балгостојба е на второ место по Харвард. Новата политика на Јеил, како што јавува Никола Крастев, има за цел зголемување на бројот на студентите од поранешниот Советски Сојуз и Источна Европа.

Основан во 1701 година Јеил се смета како една од најдобрите високо образовани институции во Соединетите Држави. 6 американски претседатели, меѓу кои и последните тројца дипломираа на овој престижен Универзитет. Студенти од цел свет аплицираат на Јејл, но трошоците за школарина и сместување се околу 40 илјади долари, високи како впоречем и на другите елитни Универзитети. За новата политика зборува Хелеин Класки дирекотор за јавни прашања на оваа установа во државата Конектикат.

„Имаме зголемување на странски студенти бидејки ја зголемивме финансиската помош за студентите од цел свет. Приемот е слеп, влегувате според сопствените заслуги, а ако ви треба помош се квалификувате за тоа. При приемот ние не ја знаеме финансиската состојба, а потоа студентите се добредојдени да аплицираат за помош. Ако дојдете до Јеил ние ќе се погрижиме да продолжите тука.“

Наталија Рогач е 17 годишна девојка од Киев која перфектно ги мина приемните тестови и беше прифатена од повеќе престижни американски универзитети, меѓу кои и Харвард и Принстон. Таа сепак се реши за политички науки и филозофија на Јеил. Овој Универзитет и понуди целосно покривање не школарината и животните трошоци.

„Минатата година беше многу важна за Украина и за мене во политичка смисла по портокаловата револуција. Јас сфатив колкав потенцијал имаме, ние младите, во изградбата на нашаат земја. Студирањето на Јеил или на другите Универзитети ќе ми овозможи да научам за американската демократија и да се вратам назад и да помогнам.“

На 19 годишниот русин од Киргистан Павел Камишев Јеил му ја покрива школарината, а за покривање на животните трошкови работи половина работно време во администрацијата на студентскиот кампус. Приходот на неговите родители е 20 илјади долари годишно и иако тие се сметаат добростоечки во Киргистан неможат да го финансираат неговото школување. Странските студенти на овој американски универзитет велат дека Јил е доста флексибилен во формите за финансиска помош. Во тековната акдемска година на Јеил студираат 25 студенти од Бугарија, 20 од Русија, по 8 од Иран и од Украина седум од Хрватска и Романија и по двајца од Албанија, Ерменија Узбекистан и Казахстан и еден од Белорусија.
XS
SM
MD
LG