Достапни линкови

logo-print

Санкции за државите во случај на потврда на информацијата


Европската Унија инсистира на одговори во врска со сомневањата дека ЦИА имала или можеби сеуште има тајни затвори во некои европски држави. Комесарот за правда на Унијата Франко Фратини повторно предупреди дека доколку биде потврдено дека во некоја земја членка има такви затвори, таа држава ќе сноси санкции.

Европската Унија е решена докрај да ги истражи информациите за наводни тајни затвори на ЦИА во некои европски држави и најавува санкции против таквите земји, но комесарот за правда Франко Фратини изјави дека досега нема докази и оти истрагата продолжува.

„Бидејки доколку се вистинити тие обвинувања, тоа претставува сериозно кршење на Европскиот Договор.“

Единствена европска инситуција кога има мандат да спроведе истрага е Советот на Европа со чиј претседател Тери Дејвис, Фратини вели дека е во постојан контакт. Делегација на Советот ја посети Бугарија, но таму не пронашла ништо, а најавени се истраги и во други европски држави. Франко Фратини изјави дека е проблем што нема единствено европско тело кое ќе ги истражи информациите и кое би можело да примени и санкции доколку бидат пронајдени докази.

„Постои чуден парадокс. Европската Комисија нема овластувања за истрага, но има обврска да предложи консеквенци против земјите кои го прекршиле договорот.“

И додека Европската Унија се занимава со истрагата и тоа засега безуспешно, Соединетите Држави ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат обвинувањата за тајни затвори на ЦИА. Државниот секретар Кодолиза Рајс во интервју за весникот Ју ЕС ЕЈ Тудеј изјави дека во услови на војна против тероризмот не можат да се применат вообичаените правила за притворање. Ова прашање ќе биде една од темите и за време на европската турнеја на Рајс во наредната недела. Комесарот Франко Фратини сепак оцени дека на Вашингтон треба да му се остави време за да одговори на прашањата што ги поставува Европската Унија во врска со аферата.
XS
SM
MD
LG