Достапни линкови

Младите преферираат работа во приватниот сектор


Вработен во државната администарција или во приватниот сектор? Младите избираат во вториов.

„Јас работам во државна уставнова, мислам дека е подобро во приватен сектор.“
„Јас би работел во приватниот сектор, пред се поради медиокритетството во државниот и помалите плати.“


Но и покрај ваквиот избор сепак од Агенцијата за државни службеници велат дека заинтересираност на конкурсите кои ги објавуваат има. Директорот на агенцијата Александар Гештаковски објаснува дека најчесто помал е бројот на пријавените само кога се бараат стручни кадри од техничката област. Тогаш и конкурсите ги повторуваат неколку пати.За другите облсати интересот е голем вели тој

„Голема е популарноста на УЈП, каде што се побаруваат помлади соработници од економска и правна струка. Потоа имаме млади стручни кадри во делот на генералниот секретарјат на владата, за пополнување на секретаријатот за евро интеграции.“

Во македонските органи на државната управа , во министерствата, во собранието , во судството според податоците на агенцијата има 10457 државни службеници. Во моментов има распишано уште 30 конкурси за нови вработувања. Тие земаат плата од буџетот на државата кој се полни преку даноците. Дали оваа бројка на вработени е голема за Македонија. Борко Ханџиски од Центарот за економски анализи смета дека бројот на вработени во државаната администрација е релативно висок за сметка на оние во приватниот сектор.

„Една од причините за ваквиот однос е тоа што приватниот сектор забележа голем број отпуштања во транзицискиот регион,“

вели Ханџиски и додава дека Македонија е на средината од земјите во регионов според буџетска потрошувачка за плати. Но, смета тој за подобра економија треба да се зголеми бројот на вработени во приватниот сектор.

„Пример во претходните две години иако економијата остварува раст од три насто, невработениста стагнира и дури се зголемува. Ова за жал е несреќен пример и во наредните години се очекува да се намали невработеноста. Исто така, во јавните институции може да се очекува намалување на бројот на вработени поради превработеност,“

објаснува Ханџиски.
XS
SM
MD
LG