Достапни линкови

Грозни: Единствена Русија води на изборите во Чеченија


На парламентарните избори во Чеченија води промосковската Единствена Русија која има мнозинство и во рускиот федерален парламент. Републичката изборна комисија денеска соопшти дека Единствена Русија досега имала шеесет насто од гласовите. На второ место е Комунистичката партија на Русија, а на трето либералниот Сојуз на десните сили. Чеченските бунтовници ги оценија изборите како фарса.
XS
SM
MD
LG