Достапни линкови

Можноста за поделба на Косово не треба слепо да се отфрла


За разлика од повеќето експерти кои исклучуваат секаква можност на поделба на Косово при преговорите за идниот статус, Чарлс Купчан професор по меѓународни односи на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон смета дека таа можност не смее слепо да се отрфли. Во интервјуто за Слободна Европа тој се осврнува и на можните влијанија врз регионот.

Со приближувањето на почетокот на преговорите остануваат непоромените ставовите на Белград и Приштина. Според професор Купчан ставот на албанците Ништо помалку од незавиосност и ставот на србите ,, Се освен независност,, се макслималистички барања и позиционирање пред почетокот на разговорите. Кога ке се најдат лице во лице ќе мора да најдат компромисно решение, вели професорот Чарлс Купчан. Меѓународната заедница ќе проба да понуди плитички и економски потик во вид на поврзување со НАТО и Еу иако моментот за Брисел е незгоден поради внатрешните проблеми во Унијата по негативните референдуми во Франција и Холандија и сегашните немири во Франција. Всушност професорот Купчан смета дека приемот на Западен Балкан во Европската Унија не може да биде спречен иако може да биде забавен. За разлика од повеќето експерти кои енергично ја отфрлаат можноста за поделба на Косово тој смета дека не треба да се отфрли и таа опција.

„Не сум некој кој ја фаворизира поделбата на Косово, но сметам дека тоа не смее слепо да се отфрли. Северно од Ибар и припојувањето на јужна Србија можеби има оправдување ако значи потик Белград да се согласи на компромис. Северно Косово е фактички дел од Србија и таму мнозинството се срби. Доколку косовските власти не се вистински спремни таму да вложат средства и енергија за северот да стане дел од Косово , поделбата не би требала да остане надвор од дискусиите.“

На прашањето колку процесите на Западен Балкан се меѓузависни и какво ќе биде влијанието на решението за Косово на регионот американскиот професор по меѓународни односи вели.

„Еден од аргументите против независноста на Косово се можните негативни влијанија. Колку за пример. Во Република Српска може да речат ,, Ако Косово може да се одвоји од Србија или северно Косово да се одвои и приспои кон Србија што е со нас,, Слични аргументи во прилог на фрагментацијата може да се слушнат и во Црна Гора и во западна Македонија. Моето чувство е дека независноста на Косово би имала релативно ограничено влијание врз регионот. Во случајот на Македонија очекувам ситуацијата да се попрваи, бидејки до радикализацијата на македонските албанци дојде поради прелевањето на кризата на Косово. Решавањето на статусот на Косово би создало помирна ситуација во Македонија.“

Што се однесува до Црна Гора, вели професор Чарлс Купчан. таа веројатно го оди патот кон независноста без разлика што ќе се случи на Косово и внатре во Србија. Босна е случај за себе. Таму станува збор за потребата да се работи на интеграција бна различни етнички групи во само одржливо мултиетничко општество.
XS
SM
MD
LG