Достапни линкови

logo-print

Берлин: Ангела Меркел во посета на Париз и Брисел


Ангела Меркел која вчера стана првата жена канцелар во историјата на Германија денеска ќе престојува во Париз и во Брисел. Со тоа, таа ја продолжува традицијата на двајцата нејзини претходници Хелмут Кол и Герхард Шредер кои за дестинација на нивните први посети во странство ја одбираа Франција. Германско француското партнерство се смета за движечка сила на Европската Унија. Меркел ја предводи големата коалиција составена од нејзините конзервативци и социјалдемократите.
XS
SM
MD
LG