Достапни линкови

logo-print

Предизборен маркетинг или вистинска грижа?


Во последно време се актуелизираа дел од многуте проблеми на хедикепираните лица. На неколку места во Скопје тие добија паркинг, а вчера и специјални лифтови во Собранието на Република Македонија. Тоа е добар потег на надлежните, но во јавноста преовладува мислењето дека сепак ова се случува кога се наближуваат изборите. Од друга страна пак и една сосема различна група почна транспарентно да зборува за своите права - хомосексуалците. Кај нив партите се вмешаа со директна подршка која им ја даде СДСМ или пак осуда од страна на ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичката партија и албанскиот блок партии. Дали во оваа предизборна година тие подржуваат одредени целни групи за да дојдат до повеќе гласови?
Според професорот од Филозофскиот факултет Бранислав Саркањац во предизборниот период кај нас се прават различни комбинации:

„Мислам дека станува збор за една покомлексна игра, не станува збор само за една обична реална политика на партиите, за после да можат да не ги есапат. Мислам дека таква перфидност веќе не ќе може да се води, бидејќи имаме два нови моменти. Прво самите овие групи веќе почнуваат политички да се организираат, имаат подршка од меѓународната јавност и имаат подршка од медиумите. Така да, конфликтот меѓу власта и овие групи ќе продолжи.“

вели Саркањац, а Душко Христов од Полио Плус објаснува дека на хендикепираните им е доста од фотографирање со политичари, но сепак потенцира дека со нив е полесно затоа што привлекуваат повеке внимание во јавноста:

„Во 2000 година кога го одржавме првиот семинар, некој сакаше веднаш да не обои политички. Нема да дозволам нашето членство да биде искористено за промоција на нечии политички идеи, бидејќи прашањето е за лицата со хендикеп.“

Од организацијата за слободна сексулана ориентација Массо пак, велат дека иако партите се вмешаа со подршка или осуда сепак тие нема да го повикаат членството и симпатизерите да гласаат за некоја опција:

„Меѓутоа мораме да имаме на ум едно нешто. Доколку вие бараете одредени права, па макар и скриено, секој интимно во себе кој знае дека е бисексуалец, сигурно при тоа гласање ќе ја избере онаа група која што го подржува.“

Објаснува претседателот Кочо Андоновски.
Во Македонија според проценките на Массо има околу 150 илјади хомосексулци, а од Полио Плус велат дека бројката на хендикепирани е околу 200 илјади.
XS
SM
MD
LG