Достапни линкови

Нема потреба од барање до собранието или владата за резолуција


Македонија има коректен однос и став по косовоското прашање и затоа нема потреба да бараме од државните институции Владата или Собранието да усвојува посебна Резолуција за независност на Косово вели Рафиз Халити од ДУИ отркако неговата партија на нејзиниот прв конгрес одржан викендов едногласно усвои Резолуција за независно Косово.

„Мислиме дека не е потребно да се достави од ДУИ до владата и Собранието, затоа што јасно е дека политиката на Македонија е коректна затоа што и претседателот на владата изјави дека ќе се почитува решението на меѓународната заедница за Косово.”

За СДСМ постапките на албанските политички партии во земјава по донос на Косовоското прашање повеќе со во служба на политички маркетинг:

„Ако иницијативите кои доаѓаат од дел од политичките партии кои се во Република Македонија се искрени и отворени, треба да се поразговаар за тоа, ама ако се предлагаат за тие да се додворат до електоратот, тогаш не е коректно Собранието да се инволвира во тоа, затоа што сепак се работи за нешто надвор од териториите на Македонија. Јас и во посетата на Косово реков дека Македонија е активен посматрач и ќе биде конструктивна во решавањето на статусот на Косово. Аналогно на она што тргна една од партиите на албанскиот блок од опозиција, ословно тоа го направи и најголемата владеачка партија од албанскиот блок ДУИ за да ги покрие тие активности и да покаже дека и таа се залага за нашиот сосед,”

вели Иван Анастасовски од СДСМ. И Рафиз Халити од ДУИ минатата недла во изјава за Слободна Европа коментирајќи ја иницијативата на ПДП за усвојување Резолуција за Косово во собранието ја оцени како политички маркетинг:

„Намерата е да се добие некој политички поен.”
XS
SM
MD
LG