Достапни линкови

logo-print

Русија ќе гради нафтовод до Пацификот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Токио потврди дека Русија ќе гради нафтовод до Пацификот.

„Изградбата на нафтоводот од Источен Сибир до Пацифичкиот Океан отвора големи можности, бидејки ќе можат да се снабдуваат азиските земји, вклучувајки ја и Јапонија.“

Јапонија бараше нафтоводот да не оди само до Кина. Зборувајки на руско-јапонскиот бизнис форум, Путин ги повика јапонските компании да инвестираат во Русија, наведувајки дека Јапонија учествува само со 1 насто во странските инвестиции во неговата земја.

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ја посети Монголија, што е прва посета на американски претседател на таа земја. Во говорот во Парламентот во Улан Батор, Буш и оддаде признание на Монголија за подршката во Ирак и во Авганистан.

„Дојдов тука за да ви се заблагодарам за учеството во ширењето на слободата и да ви кажам дека американците ги ценат вашата храброст и пријателство.“

Со посетата на Моголија, Буш ја заврши азиската турнеја, во која беа вклучени и Јапонија, Јужна Кореја и Кина.
XS
SM
MD
LG