Достапни линкови

Тел Авив: Иран бара ,,конкретен доказ,, од меѓународните инспектори


Иран нема да и дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја посети воената локација Лавизан-Шиан во околината на Техеран, доколку агенцијата не обезбеди ,,конкретен доказ,, со што ќе ја оправда инспекцијата, соопшти иранското министерство за надворешни работи. Шефот на Меѓународната агенција Мухамед ел Барадеј изјави дека Иран сеуште не дозволува пристап до чувствителните ,,воени работилници и локациите за развој и истражување,, додека портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Хамид Реза Асефи истакна дека Техеран ќе продолжи со соработката со Агенцијата, но само во рамки на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG