Достапни линкови

logo-print

Багдад: 11 загинати во експлозија на автомобил бомба


Во денешната експлозија на автомобил бомба во Багдад, според последните информации, загинале единаесет луѓе, додека петнаесетина други биле ранети. Полицијата соопшти дека нападот се случил на еден пазар во јужното предградие на Багдад. Во вчерашните два самоубиствени напада со автомобил бомба во Ирак, загинаа осумдесетина луѓе.
XS
SM
MD
LG