Достапни линкови

logo-print

Место за паника нема, но опсаноста од болеста е постојана


Најголема загуба од неизвеноста дали во Македонија има птичји грип претпрпеа живинарските фарми. Иако резултатите од Вејбриџ пред дваесетина дена покажаа дека не постои вирис Х5Н1 граганите кај нас сеуште уплашени. И последниот обид на министерот за земјоделие Садула Дураку и на директорт на ветеринарната управа Слободен Чокревски јадејки пилешко пред камерите да им покажат на граганите дека не постои опасност не даде големи резулати вели Вања Панчевски менаџер во живинарската фарма Пилко

„После грешката која ја направи всушност вететинарната управа, многу тешко се исправа таа работа. Исто е како кога ќе изгубите добар глас, многу тешко го враќате. Нас ни беше намалена потрошувачката на производите, а во последните денови, полека се враќа,“

објаснува Панчевски според кој грешката на ветеринарната управа е што објави дека има можност за птичји грип кај еден примерок од изумрените кокошки во Могила а не беше сигурна во тој резултат.

Директорот на ветринарната управа Слободен Чокревски пак потенцира дека тие се транспарентни и отворени кон јавноста. Нивните екипи додава тој постојано ја следат состојбата на теренот:

„Во однос на нови појави на смртност во последно време нема јавено, затоа што во тек е сеуште спроведување масовна вакцинација против Њукаслска болест, што беше и причина за неколкуте угинувања во времето на кризата. Следната недела екипи одат на терен на местата каде што се задржуваат преселните птици, коишто се најризични.“

За паниката пак која постоеше и Чокревски и сопствениците на живинарските фарми ги обвинуваат медиумите

„Мислам дека пред се беше медиумската паника и тие се оние што го креираат јавното мислење. Опасност постои и секогаш може да слета птица преносител на вирусот, меѓутоа простор за паника од првиот ден тврдиме дека нема.“

Во рамки на напорите состојбата да се стабилзира но и да се создаде стратегија за можна пандемија од птичји грип министерот за здравсто Вадимир Димов денеска учествува на министерска средба на земјите од југоисточна Европа која се одржува во Атина.
XS
SM
MD
LG