Достапни линкови

Уставот не е библија, но тоа не значи дека често треба да се менува


Во 2001 година, непосредно по конфликтот, а на одбележувањето на Денот на десет години од донесувањето на Уставот на независна Македонија, беше првата поголема негова измена во насока на зајакнување на правата на припадниците на заедниците. Втората се актуелните амандмани, со цел реформа во судството. Некои експерти сметаат, Уставот е неопходно да се измени за да се деполитизира судството:

„Прашањето на судството и судската власт, како една од властите во нашата држава е уставна материја,“

вели Осман Кадриу, член на владината комисија за промена на Уставот.

Дел од стручната јавност апелира политичарите сериозно да размислат за заокружување на текстот на Уставот, за да не се случи по реформата на судството да се започне со негова измена за некоја друга цел. За да се избегне ваква ситуација според нив Уставот треба да содржи општи правила. Тие додаваат, Уставот не е библија, но не значи дека често треба да се менува:

„Кога вие немате стратегија, каде и кога кои чекори треба да се направат, нормално е дека ваквото ад хок решавање на работите само како на некој начин да ги подотварате, па да ги затрупувате, па повторно да отварате проблеми, значи не се решаваат системски проблемите, туку од случај на случај, како ЕУ ќе ни посочи, така ние делуваме, некој постојано не води за рака,“

изјави Тања Каракамишева, доцент по уставен и политички систем на правниот факултет во Скопје.

Странските аналитичари кои ја следат состојбата во регионот велат, сликата во Македонија, по уставните измени и охридскиот договор е многу променета:

„Со имплементацијата на охридскиот рамковен договор, Македонија стана модел за регионот. Во 2001-та, Македонија беше еден од многуте извори на нестабилност на Балканот. Денеска по имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, Македонија стана модел за регионот и ова е важно и Брисел треба да го признае. Во 2001 Македонија беше еден од многуте извори на нестабилност на Балканот. Денеска таа е еден од главните извори на меѓуетнички мир во регионот. Треба да ги гледаме работите од историска перспектива и ова е важно и Брисел треба да го признае. Има добар дух во Макеоднија. Сепак постои предизвик. На политичко ниво односите се добри, но овој степен треба да се пренесе и на локално ниво, меѓу Македонците и македонските Албанци,“

вели Алекс Григориевич.
XS
SM
MD
LG