Достапни линкови

Експертите сметаат дека тоа би придонело за поголема ефикасност


Без сомнение вклучувањето на лидерите на политичките партии од владината коалиција во извршната власт ќе дадат дополнителен импулс за успешно завршување на зацртаните цели на Владата, велат во ДУИ И ЛДП откако во јавноста се појавија информации дека премиерот побарал од Ахмети и Пенов да станат дел од владата:

„Би требало да влезат во Владата. Секако дека така Владата би била поефикасна.“

Вели потпретседателот на ДУИ Рафиз Халити.
Роза Топузовска од ЛДП вели дека нивниот лидер сега е посветен на партиските обврски и дека нема најави дека тој би се вклучил во Владата иако се согласува дека со неговото искуство во политиката би дал голем допринос во функционирањето на Владата:

„Сигурно дека еве за нашиот лидер, тоа е човек со големо политичко искуство и би придонел за ефискасност на Владата, но сепак тоа е политичка проценка дали ќе се приклучат.“

Со ваквите констатации се согласуваат и експертите, Назми Малиќи со став:

„Секако дека е многу корисно, бидејќи комплетната одговорност не само за праведно демократски реализирани избори, туку и за извршување во целост на препораките кои се добиени од Европската Комисија. Тука исто се поврзуваат и доста внатрешни активности, со кои нема да се губи време да се договараат надвор од Владината процедура, туку сите активности ќе бидат многу поефикасни.“

Според Малиќи вината зошто досега не се случило лидерите на политичките партии кои се дел од Владата да не се вклучат во извршната власт е во нивното непринципиелно однесување.
XS
SM
MD
LG