Достапни линкови

Јужна Кореа: Средба Путин-Буш


На маргините на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, американскиот претседател Џорџ Буш и претседателот на Русија Владимир Путин денеска, меѓу другото, разговараа за нуклеарните програми на Иран и на Северна Кореја. Буш го поздравил планот на Путин, според кој, на Иран би му било дозволено да продолжи со производството на нуклеарно гориво, доколку клучната фаза, збогатувањето ураниум, се префрли во Русија. Двајцата лидери се согласиле дека треба да продолжат преговорите за северно-корејската нуклеарна програма, а од Сирија побарале да соработува во истрагата за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири.
XS
SM
MD
LG