Достапни линкови

logo-print

Ректорската управа и професорите оценуваат дека тоа е премалку


По информацијата од Министерството за финансии дека на државните универзитети во Скопје, Битола и Тетово ќе бидат вработени 99 професори асистенти со цел за пополнување на местата кои беа испразнети со пензионирање, но и за ублажување на дефицитарниот кадар, во високообразовните институции немаат било какви повратни објаснувања. Во скопскиот универзитет Св. Кирил и Методиј, каде минатиот период беше поднесено барање за вработувување на онолку работници колку што Министерството најави дека ќе бидат вработени во сите три универзитети велат:

„Сеуште немаме никаков службен допис од Министерствата. Дали е таа бројка или не е, не би можел да коментирам. Но, доколку навистина е таа бројка, тогаш очигледно не се водело сметка за реалните потреби на нашиот Универзитет.“

Коментира проректорот Зоран Велевски, додека ректорот Ѓорѓи Мартиновски потсетува дека во текот на претходните четири години Универзитетот ја остварува работата со 250 професори помалку од потребниот број:

„250 лица имаме помалку во настава, што укажува дека некаде за 20% помалку сме кадровски осиромашени.“

Рестриктивната кадровска политика ја критикуваат и професорите на Универзитетот и оценуваат дека тоа претставува капка во морето:

„Тоа е како да ви дадат вода капка по капка, односно шаренолико преживување. Сега после ова факултетите ќе се ,,фрлат,, околу тоа кој ќе ,,фати,, поголема прилика да добие повеќе вработени.“

„Овде да ви кажам имаме часови како да сме во средно образование. Останавме на 25 професори, претходните три години отидоа седум луѓе во пензија, како и дел од административниот кадар и ни едно место не добивме, иако баравме неколку.“


велат професор Христо Карталов, од катедрата по социологија на Филозофскиот факултет и Љиљана Јовиќ секретар на Архитектонскиот факултет.
XS
SM
MD
LG