Достапни линкови

Тирана: Црвенковски се обрати пред албанскиот парламент


,,Очекуваме дека наскоро во регионот ќе можеме да отпочнеме нова страница кога ќе се фокусираме врз економската соработка, напредокот и привлекувањето инвестиции со што ќе се подобрат севкупните услови за живот на нашите граѓани,,. Ова во денешното обраќање во албанскиот парламент го изјави претседателот на Македонија кој престојува во дводневна посета на Тирана. Тој го повтори интересот на Македонија за решение за статусот на Косово кое ќе придонесе кон севкупната стабилност во регионот и врз принципот на неделивост и неприпојување кон други држави.
XS
SM
MD
LG